More

    По разделбата, ја продаваат за 68 милиони долари

    spot_img

    Пејачката и актерка Џенифер Лопез во вторникот поднесе барање за развод на нејзиниот двегодишен брак со актерот Бен Афлек, што се совпаѓа со нивната годишнина од свадбата во Рајсборо, Џорџија во 2022 година.

    Разводот доаѓа по неколкумесечни шпекулации за брачни проблеми.

    Лопез и Бен Афлек официјално ја ставија својата куќа во Беверли Хилс на продажба во јули за 68 милиони долари.

    Тие го купија овој имот во мај 2023 година за 60,8 милиони долари. Самата куќа се простира на 3.500 квадратни метри со 12 спални соби и 24 бањи, според „Realtor.com“. Дополнително, има посебен простор за гости од 465 квадратни метри, двособна безбедносна куќа, гаража со 12 автомобили и паркинг за 80 возила.

    Неодамна беше реновирана според највисоките стандарди за квалитет. Содржи бар, теретана, спортски салон, боксерски ринг, терени за кошарка.

    Познатиот агент за недвижности Џош Алтман, кој не е вклучен во продажбата на домот, откри со што обично се соочуваат славните кога продаваат домови.

    „Секогаш има луѓе кои се преправаат дека се потенцијални купувачи само затоа што се возбудени да ја обиколат куќата на позната личност“, рекол Алтман.

    „Моја претпоставка е дека пристапот до вилата на Афлек и Лопез ќе биде ограничен. Луѓето ќе треба да докажат дека се квалификувани да ја купат куќата и да покажат доказ за финансиски средства пред да им биде дозволено да ја видат“, додаде Џош.

    Афлек неодамна купи куќа во Пацифик Палисадес, Лос Анџелес. За неа одвоил 20,5 милиони долари, а има пет спални соби и шест бањи, пишува американскиот портал ТМЗ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img