По Рајанер, и Луфтханза ќе го намали бројот на летови: Причината се превисоките давачки

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Луфтханза“ најверојатно дополнително ќе го намали бројот на летови во Германија, изјави извршниот директор на германскиот гигант Карстен Спор во интервју за „Билд ам Зонтаг“, по најавата на ирскиот авиопревозник „Рајанер“ да ги затвори операциите на три германски аеродроми.

Луфтханза и Кондор на почетокот на септември се пожалија на високите даноци за воздушниот сообраќај, безбедноста и таксите за контрола на летање, тврдејќи дека ги ставаат во неповолна положба во споредба со нивните конкуренти.

Во последните четири години, трошоците за контрола на летање, безбедносни проверки и такси се удвоија и денес изнесуваат седум милијарди евра годишно, изјави извршниот директор на Кондор, Петер Гербер, на деловна средба на аеродромот во Франкфурт на почетокот на минатиот месец.

Меѓународните превозници се повеќе ги избегнуваат германските аеродроми, што доведува до губење на врските со светот, предупреди шефот на Кондор.

Шефот за човечки ресурси во Луфтханза, Мајкл Нигеман, ја критикуваше владината регулатива за скапото одржливо воздухопловно гориво (SAF). Системот ќе регистрира само заминувања од ЕУ, така што центрите надвор од Европа ќе имаат предност, објасни Нигеман.

Од 2025 година, авиокомпаниите кои летаат од ЕУ ќе мора да користат просечно два отсто одржливо гориво, а до средината на векот нивниот удел би требало да се зголеми за 70 отсто.

Минатата недела ирската нискобуџетна авиокомпанија Ryanair објави дека, поради високите даноци и такси, планира да ги прекине операциите на аеродромите во Дортмунд, Дрезден и Лајпциг следното лето.

Тие планираат да ги намалат летовите од Хамбург за 60 отсто, а оние во германската престолнина Берлин за една петтина.

„Во летото 2025 година Германија ќе загуби 1,8 милиони седишта во авионите на Рајанер поради високите и зголемени давачки“, нагласи компанијата минатиот четврток, што ќе значи 12 отсто помалку патници од минатата година.

- Advertisement -
Ad image

Шефот на Луфтханза во интервју за Билд нагласи дека понудата на летови е намалена поради „екстремното зголемување на државните трошоци“.

„Се повеќе авиокомпании ги избегнуваат германските аеродроми или откажуваат важни линии“, предупреди Спор, истакнувајќи дека стравува од можна послаба врска меѓу Германија и светот во иднина и можното влијание на послабите врски врз инвестициите.

Шефот на Луфтханза ги критикуваше и новите германски регулативи за гориво, вклучително и нови квоти за уделот на е-горивото, кое, според него, сè уште не е достапно во доволни количини.

- Advertisement -
Ad image

Здружението на авиокомпании БДЛ се залага приходите од зголемените давачки да се насочат кон промоција на алтернативни горива за воздухопловство, повикувајќи се на предизборното ветување на владејачката коалиција предводена од канцеларот Олаф Шолц.

Share This Article