Откако пејачката Северина Вучковиќ беше прогласена за виновна пред судот во Загреб за навреда на социјална работничка, за што доби и парична казна, се огласи ПР-тимот на хрватската музичка ѕвезда.
„Северина не навредуваше, туку протестираше поради незаконското постапување на Центарот и најави дека ќе ги пријави и ќе ги открие нивните незаконски постапки. Северина дефинитивно ќе се жали на оваа одлука. Станува збор за социјална работничка од Центарот за социјална работа за која од управен надзор било утврдено дека направила голем број грешки во однесувањето поради што е и променет, па денеска друг центар го води случајот. Во конкретниот случај станува збор за разговор со социјалната работничка откако Северина ја известиле дека ќе дојдат во надзор да проверат во какви услови живее нејзината мајка, иако претходно истата социјална работничка тврдеше дека ќе ја игнорира пријавата на нејзината сестра, бидејќи нејзината мајка ја виделе во нејзиниот дом и виделе дека жената е добро и дека е згрижена“.
„Меѓутоа, поради притисокот на поранешниот финансиски моќен партнер, за кој постојат пишани докази, Центарот сепак одлучи да дојде во просториите каде што живее мајката на Северина, што беше понижувачко за 86-годишната жена за која се грижи Северина. Секако, од надзорот е утврдено дека Северина се грижи за својата мајка, како што и од самото раѓање прави на најдобар можен начин и за своето дете. Инаку, сестрата на Северина воопшто не ја видела нивната мајка со години пред тоа, а Северина освен што се грижи за мајка си и за детето, се грижи и за ќерката на нејзината сестра од нејзина 19-годишна возраст“, наведуваат во соопштението.
Северина денеска пред судот во Загреб е прогласена за виновна и доби парична казна за навреда на социјална работничка.
Северина е казнета по член 17: „Тој што омаловажува или навредува претставници на државни органи, односно службени лица при вршење или во врска со извршување на нивните должности или нивните законски наредби, ќе се казни за прекршокот со парична казна во износ од 20 до 100 евра или затворска казна до 30 дена.