More

    По пожарот во Белград, сега гори и трговски центар во Сараево

    spot_img

    На пазарот Хеко во Сараево денеска избувна пожар, кој пожарникарите на Професионалната противпожарна бригада (ПВБ) на кантонот Сараево сѐ уште не успеала да го изгасне, пишува босанскиот портал Кликс.

    Како што изјавија за Кликс од Професионалната противпожарна бригада на кантонот Сараево, веднаш по пријавувањето на пожарот, на местото на настанот се испратени две противпожарни возила.

    „Се работи за пожар што избил утрово во 9 часот, во еден од магацините на трговскиот центар. Пожарникарите многу брзо го локализираа пожарот, а сега се работи на целосно гаснење“, велат од ПВБ К.С.

    Оттаму додаваат дека на помош пристигнало трето противпожарно возило и дека пожарот наскоро целосно ќе биде изгаснат.

    Според последните информации од Професионалната противпожарна бригада на кантонот Сараево, на терен се испратени уште две возила, а пожарот сѐ уште не е изгаснат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img