Словачката влада одобри испраќање борбени авиони Миг-29 во Украина, изјави во петокот премиерот Едуард Хегер, засилувајќи ја воената помош за Киев.
Ројтерс јавува дека флота од 11 авиони МиГ-29 била повлечена минатото лето, а повеќето од нив не се оперативни, пренесува Гардијан.
Потегот на словачката влада доаѓа откако Полска, исто така, одлучи да испрати четири борбени авиони МиГ-29 во Украина во четвртокот.
„Прво, буквално за неколку дена, ќе испратиме, колку што знам, четири авиони во Украина кои се целосно подготвени за летање“, рече Анджеј Дуда на прес-конференција. „Другите се подготвуваат, сервисираат.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека авионите би можеле да бидат испорачани за четири до шест недели. Дуда рече дека Полска има 10 до 20 авиони МиГ-29.