More

    По поддршката на Палестина, францускиот министер го обвини Карим Бензема за врски со терористи

    spot_img

    По поддршката на Палестина, францускиот министер го обвини Карим Бензема за врски со терористи
    Минатогодишниот добитник на „Златната топка“, Французинот Карим Бензема, е обвинет за терористички врски, обвиненијата беа упатени од француски министер деновите откако поранешниот играч на Реал Мадрид ја поддржа Палестина.

    Жералд Дарманин, францускиот министер за внатрешни работи, во телевизиско интервју изјави дека Бензема „има озлогласени врски со Муслиманското братство“. Транснационалната исламистичка организација е означена како терористичка група во Египет и некои соседни земји, но не и во Франција.

    Пред неколку дена Бензема, кој моментално настапува за Ал Итихад од Саудиска Арабија, објави порака со поддршка за жителите на Газа.

    Сите наши молитви за жителите на Газа кои повторно се жртви на овие неправедни бомбардирања кои не ги штедат жените и децата“, се вели во пораката на Бензема. Французинот, побожен муслиман, се соочи со изненадувачки критики за коментарите.

    Дарманин не е единствената јавна личност која одговори на објавата на Бензема. Против Бензема јавно се изјасни и поранешниот израелски голман Дуду Ауате. Ауате, поранешен професионалец во Мајорка и Депортиво де ла Коруња, го навреди Бензема на пет различни јазици.

    Карим Бензема се уште не одговорил на обвинувањата на францускиот министер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img