More

    По победата Жозе Мурињо издвои еден играч и го допре Тахировиќ

    spot_img

    Рома синоќа забележа многу важна победа против Фиорентина, а херој беше аргентинскиот интернационалец Пуло Дибала со два гола.

    Со нови три бода тимот од Рим остана на седмото место, но само три бода ги делат од Јувентус кој е третопласиран.

    Селекторот на Вучица, Жозе Мурињо, по победата беше пресреќен и ја издвои посветеноста на Дибала на тимот, откако Аргентинецот рано се врати од одморот по Мундијалот.

    „Дибала првично побара да се врати на 1 јануари, но јас му реков дека сакам да се врати на 29 декември бидејќи се плашев дека овој тим нема да ја победи Болоња повторно без него. Тој беше на тренинг лет на 28 декември. Тој е посебно момче“, изјави Мурињо.

    На прашањето како Рома може да ја подобри својата игра, тој се осврна и на Бенјамин Тахировиќ, потенцијалниот репрезентативец на Бсона и Херцеговина, сметајќи го за голем талент.

    „Како Рома може да ја подобри својата игра? Со давање шанса на помладите. Тахировиќ го има тој квалитет, тој е пример за играч кој може да ни помогне да растеме“, изјави португалскиот стручњак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img