More

    По Олимписките игри, огнот може да продолжи

    spot_img

    Северна Кореја истрелала „неидентификуван проектил“, соопшти утринава јужнокорејската војска, по едномесечниот прекин на огнот без истрелан проектил, за време на Олимписките игри во Пекинг.

    „Северна Кореја истрела неидентификуван проектил во насока на исток“, се наведува во соопштението на јужнокорејскиот здружен Генералштаб, без да се дадат дополнителни детали.

    Пјонгјанг во јануари истрела дури седум проектили, вклучувајќи ја и едната од најмоќните ракети лансирани од 2017 година.

    Режимот во Пјонгјанг, исто така, предупреди дека може да го укине мораториумот што го воведе за тестирање на интерконтинентални балистички ракети и нуклеарни тестови.

    Северна Кореја го запре лансирањето ракети  и тестирањата за време на Зимските олимписки игри во 2022 година во Пекинг , можеби поради почит кон својот кинески сојузник, велат експертите.

    Демонстрацијата на моќ на Северна Кореја доаѓа во чувствителен момент за регионот додека Јужна Кореја се подготвува за претседателските избори на 9 март.

    Аналитичарите проценуваат дека Пјонгјанг би можел да ја искористи следната годишнина – 110 години од раѓањето на Ким Ил-сунг на 15 април – за тестирање помоќно оружје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img