По одличниот успех на првата сезона, на 19 декември Суперстар каналот стартува со емитување втората сезона на серијата „Пејачка“.
Новите 12 епизоди носат неверојатен, возбудлив сплет од магија, мистика и гревови од минатото кои ги кројат приказните на главните ликови и ветуваат дека гледачите нема да сакаат да трепнат ниту миг.
Дејствието во втората сезона во голем дел се одвива во 1878 година кога и настануваат гревовите на главните јунаци кои потоа ги следат низ времето. За некои и самите се виновни, а некои се последици на гревовите на нивните предци, чиј крст се носи довека.
Во современиот дел од приказната, серијата нѐ запознава со популарниот пејач Локи, чии љубопитност и желба да се „меша“ во судбината го воведуваат во голема неволја. И додека Локи ја плаќа цената на своите желби, но и на лесномисленоста, инспекторот Раде е фокусиран на истрагата на претходните убиства на естрадата кои за жал не завршуваат бидејќи има и нови жртви.
Само еден човек може да му помогне, но него никаде го нема – Бојан. Во потрага по одговори Раде ќе биде принуден да се соочи со сопствените демони.
Ова е само мал дел од мистичните и интригантни случувања во „Пејачка“. Серијата во целост може да ја следните од 19 декември на Суперстар каналот со почеток од 21 часот. Суперстар каналите се дел од понуда на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ преку пакетите за стриминг платформата Move TV или сателитската телевизија mSAT TV.
Повеќе информации за како да уживате во ексклузивните содржини на Суперстар каналите може да дознаете на mtel.mk.