Принцот Хари и војвотката од Сасекс се обидуваат да открија што ги погодило, а Хари не се вклопува во незгодниот свет на Меган во Тинселтаун, вели неименуван извор за РадарОнлајн. Британските медиуми се преплавени од шпекулацијата дека летово двојката е на пауза поради „пеколот“ кој им го создадоа неуспесите во кариерата, но и општо сите бурни настани изминатите пет години откако се земени.
Изворот сепак рекол дека смета дека претстојното патување на Хари во Африка за неговиот документарец за Нетфликс ќе му разбистри кои чекори понатаму да ги преземе во бракот.
– Одвојувањето време на различни континенти се надевам дека ќе им помогне да најдат се што им е потребно за да продолжат понатаму – вели тој.
Но, дали е гласината точна? Изминатите неколку „карпести“ месеци се разбирливи со тековната семејна расправија, пресврт на настаните во нивните деловни зделки и нивното сегашно ребрендирање – тоа се многу промени.
Она што е сигурно е дека Хари и Меган се „соочени со жив пекол“ поради стресот од финансискиот притисок со кој се соочуваат, вели друг извор.
Договорот за поткас на Меган со Спотифај и со студиото Арчвел пропадна. Војводата и војвотката од Сасекс се повлекоа како работни членови на кралското семејство во 2020 година и продолжија да потпишуваат повеќе профитабилни договори. Претходно пропадна и нивниот повеќемилионски договор со Нетфликс. Сега, кога цел Холивуд реши да штрајкува и 160.000 глумци се на улиците, тешко ќе биде да се склучуваат какви било нови договори. Исходот од патувањето на Хари во Африка во врска со документарецот на Нетфликс ќе реши многу нешта.
ЈахуЕнтернејнмент пишува и дека Меган дури била предупредена од нејзиниот тим дека можеби ќе треба да го промени својот имиџ како половина од „Бренд Сасекс“ доколку сака нејзината кариера да биде успешна!
Но, самата гласина се чини како премногу општа, пишува ЈахуЕнтерејнмент. Се вели дека кралските чувари исто така и порано слушале гласини за разделба но дека во нив нема никаква вистина.