По нападите, прв коментар на Имане Келиф

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Алжирската боксерка Имане Келиф, која трпеше навреди и коментари за нејзиниот родов идентитет, ја даде својата прва изјава по скандалите на Олимпијадата.

Вчера Келиф ја победи Унгарката Ана Марија Хамори и се пласираше во полуфиналето, со што и донесе медал од Игрите во Париз.

Таа потоа разговараше со арапскиот спортски радиодифузер „Беин спортс“, прекинувајќи го молкот од почетокот на нападите.

– Многу сум горда што и донесов медал на мојата земја во Париз. Работев напорно за овој успех. Ова е победа за сите жени во светот – изјави боксерката.

Британски „Телеграф“ цитираше алжирски новинар на кој таа му дала само краток коментар за сомневањата за полот и припадноста.

– Јас сум жена – Имане одговорила.

Инаку, Келиф стигна до финалето на Светското првенство во 2023 година пред да биде дисквалификувана од ИБА, поради високите нивоа на тестостерон во нејзиното тело. Околностите на таа дисквалификација се сметаа за невообичаени, а Келиф тогаш рече дека тоа е „голем заговор“.

Келиф е родена како жена и тоа стои во нејзиниот пасош, кој Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го прифати како доволен критериум за учество на натпревари во бокс.

Таа е спортистка со боречки вештини и се има натпреварувано на меѓународни турнири, вклучително и аматерски турнири во бокс во изминатите шест години, како и на Олимписките игри во Токио. Има и неколку регионални златни медали.

- Advertisement -
Ad image

Инаку, Светската асоцијација на атлетски федерации, исто така, ги заостри правилата минатата година, барајќи тестирање на тестостерон за спортистки кои се родени и се идентификуваат како жени, но имаат медицинска состојба што им дава машки карактеристики.

Контроверзите за Келиф повторно добија одек во јавноста на овие Олимписки игри во париз кога на 1 август ја победи Италијанката Ангела Карини за само 46 секунди. Карини го напушти рингот во солзи, што предизвика гласини дека Келиф удира премногу силно и го загрозува здравјето на противничките.

Share This Article