Нови в.д. директори се назначени на Клиничката болница во Битола, Општата болница во Куманово, Општата болница во Велес, Општата болница Охрид, Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Клиниката за детска хирургија, Институтот за трансфузиона медцина и на Психијатриската болница во Демир Хисар.
„Ненси Лозанче на Клиничка болница – Битола, Амир Елези на Институт за трансфузиона медицина – Скопје, Стефан Трајановски на Општа болница – Куманово, Александар Бузалков на Општа болница – Велес, Стевче Цветановски на Психијатриска болница – Демир Хисар, Невена Маневска на Универзитетски институт за позитронско-емисиона томографија, Мухсин Арифи на Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ’13 Ноември’ – Скопје, Горан Маркоски на Општа болница – Охрид, Игорче Џиковски на Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, Лазе Јовчевски на Универзитетска клиника за детска хирургија. Стојанче Петров е нов в.д. директор на Здравствен дом – Радовиш, Рената Пешиновска на Здравствен дом – Вевчани, Шпенди Амети на Центарот за јавно здравје – Тетово, а Горан Кузески на Центарот за јавно здравје – Прилеп.“, наведува Министерството за здравство.