More

    По изјавата за абортус на хрватскиот свештеник Томислав Лукач, кој е ѕвезда на Инстаграм, Северина Вучковиќ, реши да се пресмета со него

    spot_img

    По изјавата за абортус на хрватскиот свештеник Томислав Лукач, кој е ѕвезда на Инстаграм, Северина Вучковиќ, реши да се пресмета со него.

    Хрватската пејачка Северина во текот на изминатите денови водеше Инстаграм војна со Томислав Лукач кој е нарекуван најзгодниот свештеник во Хрватска.

    Таа пред неколку дена на социјалните мрежи ја сподели објавата во која ги повика сите граѓани на Европската Унија (ЕУ) да ја потпишат петицијата за право на абортус.

    Нејзиниот активизам беше поддржан од голем број колешки, како од Хрватска, така и од регионот.

    Но, очигледно, нејзината порака не им се допадна на некои луѓе, па сподели дека добивала и заканувачки пораки.

    Сосема неочекувано, пејачката завојува со најзгодниот хрватски свештеник на Инстаграм, Томислав Лукач.

    Тој на Тик-Ток објави кратко видео во кое се спротивстави на активизмот на Северина.

    – Абортусот не само што е големо зло, туку многу им штети и на жените што ќе се одлучат на тој чин – рече Лукач по што го сподели сведоштвото на една жена која имала абортус и која се соочувала со психолошки проблеми.

     

    По ова, Северина на Инстаграм „стори“ објави фотографија на која навидум свештеникот ѝ се обраќа со погрдни зборови, па напишал:

    „Скандалозна жена. Таман се опорави од јахтата, кога еве ја пак (се јавува)“.

    На ова пејачката не ги бираше зборовите и над фотографијата од свештеникот напиша:

    „Mил мој, статусот ти звучи како моторот на јахтата да ми ја пресекол главата, па ми ја сошиле назад… Јас само имав добар секс, што и тебе ти го посакувам. Можеш и со некоја личност од спротивниот пол. Како знаеш дека нешто не е добро ако не си го пробал? Крстот ти е топ“.

    Додека во најголем број од медиумите во регионот ги пренесоа зборовите на пејачката, свештеникот се чувствуваше должен да се огласи со ново видео на социјалните мрежи, па ја обвини пејачката дека неправедно го прозвала.

    – Навистина сакам да знаете што Северина направи со моето видео. Моето видео за абортусот беше споделено од 197 луѓе, меѓу нив еден човек го сподели видеото на своето „стори“ и напиша погрдни зборови кон неа. И што направи кралицата? Значи таа го зела неговото „стори“, ги отсекла неговото име и презиме да не се гледаат, па го објави тоа како да е мое и како јас да сум јас тој што ја навредил“ – вели тој во својот одговор кон Северина.

     

    Инаку, Томислав е познат по неговите кратки видеа во кои зборува за верата и за тоа што значи неговата професија.

    Честопати знае да зборува јавно за појавите во општеството, да ги коментира хитовите и музиката што е популарна, но и јавно да го каже сопственото мислење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img