More

    По ескалацијата на тензиите меѓу двете земји, Франција донесе одлука да ја затвори амбасадата во Нигер

    spot_img

    По ескалацијата на тензиите меѓу двете земји, Франција донесе одлука да ја затвори амбасадата во Нигер, јавува Би-би-си. Од француската мбасадата соопштија дека „повеќе не може да функционираат нормално“ поради бројните ограничувања наметнати од воената хунта.

    Односите меѓу Франција и Нигер се влошија откако војската ја презеде власта со соборување на демократски избраниот претседател Мохамед Базум со државен удар во јули.

    Францускиот амбасадор и неколку вработени во амбасадата ја напуштија земјата во септември, еден месец откако армијата му нареди на амбасадорот да го напушти Нигер и ја блокираше амбасадата во главниот град Нијамеј.

    Амбасадата беше нападната од илјадници демонстранти веднаш по пучот, но нигериските сили ги растераа пред да упаднат во зградата.

    Соопштението за затворање на амбасадата доаѓа непосредно пред денешното истекување на рокот на воената влада за заминување на француските војници.Тие беа стационирани во земјата за да помогнат во борбата против џихадистичките групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img