По долго боледување на 75-годишна возраст почина Дамир Шолман, еден од најдобрите кошаркари во историјата на Југославија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По долго боледување на 75-годишна возраст почина Дамир Шолман, еден од најдобрите кошаркари во историјата на Југославија.

Тој е најдобриот стрелец во историјата на Сплит со 5.783 поени, а со Југославија беше двократен светски првак и двократен сребрен олимписки медал.

Со репрезентацијата на Југославија стигна до второто место на Олимписките игри во 1968 година, а потоа и во 1976 година, кога Шолман беше капитен.

Тој беше еден од кошаркарите кои на Југославија и ја донесоа првата светска шампионска титула во 1970 година во Љубљана, ова беше прва од петте историски титули кои ги освоија „сините“.

За Југославија забележа 226 настапи и постигна вкупно 1.785 поени.

Со Југопластик овој крилен кошаркар стигна до финалето на Купот на победниците на куповите во 1973 година, додека во 1976 и 1977 година со овој клуб го освојуваше меѓународниот Куп Радивој Кораќ.

Светски вицешампион беше во 1974 година, а во 1973 и 1975 година беше европски првак.

Share This Article