More

    По договорот за размена, 207 заробени украински војници се вратија дома

    spot_img

    Вкупно 207 заробени украински војници се вратија дома по договорот со Русија за размена на заробеници, пренесува денеска Укринформ.

    „Нашите луѓе се вратија. Од нив 207. Ние ги носиме дома без разлика на се. Се сеќаваме на секој Украинец во заробеништво. И воини и цивили. Мораме да ги вратиме сите. Работиме на тоа“, објави денеска претседателот на Украина Володимир Зеленски на каналот Телеграм.

    Двете земји извршија многу размена на затвореници за време на речиси двегодишната војна, но продолжувањето на размената стана сомнително откако Русија ја обвини Украина дека минатата недела соборила воен транспортен авион во кој наводно имало 65 украински затвореници.

    Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека го завршило договорот за размена со Украина, според кој секоја страна добила назад по 195 војници, јави Ројтерс од Москва.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img