More

    По 40 години САД се погодени од ураган сред ноември кој носи вртлог со брзина од 120 километри на час

    spot_img

    По 40 години САД се погодени од ураган сред ноември кој носи вртлог со брзина од 120 километри на час. Видео од улиците кои почнаа да се поплавуваат во Флорида го обиколи интернетот. Постои и страв дека ураганот може да донесе торнадо. Од таа причина затворени се сите училишта и универзитети, а луѓето се евакуирани од зградите бидејќи тие може да се урнат.

    Во од едно од видеата се гледа како ветрот откачува светла од семафор на раскрсница во градот.

     

     

    Никол синоќа се зајакна од тропска бура во ураган, со силни ветришта и опасен бран на бура на островот Гранд Бахама, соопшти американскиот национален центар за урагани.

     

    Предупредувањето за ураган остана на сила на островите Абакос, Бери и Гранд Бахам.

    Бидејќи Никол е голема бура, нејзиното влијание ќе се почувствува многу подалеку од центарот. Синоптичарите во центарот за урагани рекоа дека Никол ќе ослабне додека се движи над Флорида.

    Предупредувањето за ураган важи за повеќе од пет милиони луѓе. Во источна, централна и северна Флорида ќе наврнат и до 20 сантиметри дожд. Дополнително, до петок се очекува да наврнат меѓу пет и 15 сантиметри дожд во југоисточниот дел на САД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img