More

    По 14-годишната Вања е распишана меѓународна потерница

    spot_img

    Интерпол денеска распиша меѓународна потерница за исчезнатата 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, по која се трага трет ден, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Вања исчезна во понеделникот наутро на пат кон училиште во скопската населба Дебар Маало.

    МВР вчера објави нејзина фотографија со опис во билтенот за исчезнати, а нејзината фотографија се споделува и на социјалните мрежи. Од таму апелираат да не се шират дезинформации, и велат дека МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на девојчето.

    „За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Податоците за исчезнатото лице на 28.11.2023 во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол. Истрагата продолжува интензивно и се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање нз лицето“, соопшти МВР.

    Mајката на Вања во понеделникот на Фејсбук напиша дека девојчето излегло од дома во 7.20 за на училиште и оттогаш ѝ се губи секаква трага. Последниот сигнал од нејзиниот телефон е лоциран на улицата „Партизанска“ спроти Универзална сала во Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img