More

    По 10 зголемувања по ред, ФЕД стави стоп, но прогнозите не се оптимистички

    spot_img

    По десет зголемувања по ред, Американската централна банка (ФЕД) соопшти дека ќе ја паузира својата историска кампања за зголемување на каматните стапки. Но, се сигнализираше дека се многу веројатни нови покачувања на каматните стапки до крајот на годинава.

    Гласањето во ФЕД за прескокнување на зголемувањето на каматите на овој состанок беше едногласно, а оваа одлука нестрпливо се чекаше.

    Од март 2022 година, претставниците на ФЕД ја зголемија референтната каматна стапка на централната банка 10 пати по ред во обид да ја оладат американската економија и да се борат против инфлацијата која останува двојно поголема од она што беше проектирана цел на ФЕД.

    Изјавата од ФЕД по состанокот потврди дека официјалните лица веруваат дека паузата во покачувањето на каматните стапки е мудар потег, но повеќето од нив се убедени дека ќе бидат неопходни дополнителни зголемувања до крајот на годинава, пишува CNN.

    – Гледајќи напред, речиси сите членови на одборот на ФЕД сметаат дека е веројатно дека ќе биде неопходно дополнително зголемување на каматните стапки оваа година со цел да се намали инфлацијата за два проценти со текот на времето – рече претседателот на ФЕД, Џером Пауел на прес-конференција по состанокот.

    Вчера на Волстрит се тргуваше внимателно, откако американската централна банка очекувано ги задржа каматните стапки непроменети, но и сигнализираше дека дополнително ќе ја зголеми цената на парите оваа година.

    Повеќето официјални лица проценуваат дека стапката на федералните фондови ќе достигне врв во опсег од 5,63% до 5,87% во 2023 година, што сугерира дека оваа година може да има уште два зголемувања за четвртона поен.

    Зголемување на каматните стапки за повеќе од четвртина поен е малку веројатно бидејќи ФЕД се приближува до целта за инфлација, а официјалните лица рекоа дека има „очигледна смисла да се олеснат зголемувањата на стапките додека се приближуваме до нашата дестинација“.

    Идните потези ќе зависат од тоа што ќе покажат економските показатели во наредните недели и месеци, вклучувајќи го и отпорниот пазар на труд. Растот на пазарот на труд останува солиден, како и растот на платите, што доведе до одреден притисок на зголемувањето на цените.

    Врвните економисти тврдат дека сè уште затегнатиот пазар на труд ќе се покаже како тврдоглав извор на инфлација кој би можел да се ребалансира за да помогне инфлацијата успешно да падне до целната граница на Централната банка, од два проценти. Повеќето претставници во Федералниот одбор за отворен пазар, кој ја утврдува монетарната политика, очекуваат стапката на невработеност да се зголеми на опсег од 4 до 4,1% оваа година.

    Иако ФЕД смета дека се неопходни дополнителни политички мерки за успешно ограничување на инфлацијата, Пауел рече дека е оптимист за натамошно заладување на инфлацијата поради забавувањето на трошоците за домување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img