More

    Пленковиќ: Победата на Украина ќе ја одврати Русија од натамошни агресивни политики на долг рок

    spot_img

    Победата на Украина ќе ја одврати Русија од натамошни агресивни политики на долг рок, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во хрватскиот Сабор, додавајќи дека треба да се задржи политичкото единство за поддршка на Киев.

    Пленковиќ пред пратениците годинава го презентираше извештајот од првите состаноци на Европскиот совет. Првиот, вонреден состанок се одржа на 9 февруари и на него учествуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, а вториот, редовен состанок се одржа на 23 март.

    Шефовите на држави и влади разговараа за руската инвазија на Украина, а Пленковиќ истакна дека победата на Украина во војната ќе ја одврати Русија од понатамошна агресивна политика на долг рок, бидејќи огромните човечки и материјални загуби што ги доживеа се навистина штетни, не само за Русија, но и за Украина.

    Премиерот на Хрватска рече дека на тие средби ја застапувал „тезата за одржливост“. Тој изјави дека „силата, патриотизмот и мотивацијата на украинскиот народ, лидерството и способноста на нивните вооружени сили треба да бидат од постојан карактер“, пренесува Индекс.хр.

    Тој исто така рече дека „неопходно е да се одржи политичкото единство за поддршка на Украина, што подразбира силна воена помош и силна финансиска поддршка“, додека третиот елемент се однесува на оние влади кои ја поддржуваат Украина.

    – И тоа во однос на одржливоста на стабилноста, пред се финансиската, економската и социјалната, каде што се стремиме да ја одржиме социјалната стабилност со сопствени мерки, да се спротивставиме на инфлаторните притисоци, да го одржиме економскиот раст, да ја одржиме енергетската независност и достапноста на енергетските извори во однос на цените – рече Пленковиќ.

    Досега ЕУ договори 10 пакети санкции против Русија и обезбеди воена и финансиска помош за Киев. Од почетокот на војната во Украина, Хрватска и помогна на таа земја со нешто помалку од 200 милиони евра, главно во воена опрема, нагласи Пленковиќ.

    Оваа година Загреб ќе биде домаќин на меѓународна донаторска конференција за деминирање на Украина. Хрватска наскоро ќе прими повеќе од 20 ранети Украинци и ќе им обезбеди лекување и рехабилитација, додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img