More

    Пленковиќ побара услуга од Мицотакис велејќи дека не е можно сите стотина да се виновни

    spot_img

    Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека ќе им пружи максимална поддршка на хрватските граѓани во Грција, кои беа уапсени поради навивачки судири и информираше дека побарал од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис што поскоро да ги депортира невините во Хрватска, бидејќи, според него, не е можно сите стотина уапсени да се подеднакво одговорни за настаните во Атина.

    Пленковиќ на почетокот на седницата на хрватската Влада се осврна на нередите во Атина, при што беше убиен еден грчки државјанин, а околу стотина хрватски државјани беа уапсени и затворени и посочи дека најостро го осудува хулиганство, пренесува ХРТ.

    – Ваквото однесување претставува негација на спортот, го нарушува хрватскиот фудбал и угледот на Хрватска, особено кога ќе видиме дека според резултатите Хрватска е фудбалска велесила. Како општество мораме да го осудиме дивјаштвото, насилството и хулиганството, истакна Пленковиќ и додаде дека дава максимална помош за хрватските граѓани.

    Тој повтори дека хрватската полиција ја информирала грчката полиција и другите земји за потенцијалното пристигнување на навивачите.

    – Нашата дипломатија, МВЕП (Министерството за надворешни и европски работи) и другите се целосно ангажирани. Во постојана комуникација сме на премиерско и министерско ниво. Ќе се стремиме максимално да ја исполниме нашата уставна обврска, а тоа е заштита на хрватските државјани и обезбедувањето конзуларна и правна помош – истакна Пленковиќ.

    Пленковиќ во разговорот со Мицотакис посочил дека најостро го осудува насилството.

    – Без да ја прејудицирам вината, изразив сочувство за смртта на навивачот на АЕК. Побарав од премиерот да ја осигура безбедноста на нашите граѓани во затворските институции. Второ, процесот да биде фер, брз и ефикасен. Со оглед на тоа што не е реално сите 100 осомничени подеднакво одговорни за немири, предизвикување повреди и уништување, оние за кои ќе се утврди дека не се, што поскоро да бидат депортирани во Хрватска – нагласи Пленковиќ.

    Нашите служби ќе комуницираат со грчките власти и ќе дадат дополнителна поддршка, било за медицинска помош или за некои други потреби, изјави хрватскиот премиер, потсетувајќи дека станува збор за правна постапка што ја спроведуваат грчкото обвинителство и судовите.

    – Ние сме во постојан контакт со родителите, јавноста знае и дека повеќето од приведените се многу млади – додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img