Платите за ЈСП се обезбедени, автобусите се враќаат на улиците. Обезбедени се 2 милиони евра од буџетот на Град Скопје за функционирање на ЈСП и за септемвриските плати кои утре ќе ги земат вработените во ЈСП.
Со тоа ЈСП продолжува со нормално функционирање, откако градот Скопје најде решение за вештачки предизвиканата криза во претпријатието.
– Повикуваме, менаџментот на претпријатието во ликот на Управниот одбор на истото веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради несоодветно менаџирање со претпријатието, поттикнување и предизвикување на хаос – велат од ЈСП Скопје.
Во меѓувреме ЈСП останува на барањето, Владата и општините во најкус можен рок да ги исплатат насобраните милионски долгови.