More

    Планот на Зеленски е ставен на чекање

    spot_img

    Германија и САД се најголемите земји во НАТО кои се колебаат за членството на Украина во сојузот. Бриселскиот портал Политико објави дека најмалку седум членки на Алијансата се против оваа идеја која е содржана во првата точка од Планот за победа на украинскиот лидер Волoдимир Зеленски.

    Политико ги темели сознанијата на извори од четворица неименувани претставници на НАТО и на САД, како и на некои дипломати.

    – Зад Соединетите Американски Држави и Германија се кријат земји како Белгија, Словенија или Шпанија. Едноставно не покажуваат никаква иницијатива – изјави неименуваниот функционер на НАТО.

    Унгарија и Словачка исто така се против предлогот.

    Другите земји, се додава, не сакаат брзо да одговорат на барањето на Киев и се кријат во сенка. Иако овие земји теоретски ја поддржуваат идејата, „кога ситуацијата ќе се доближи до имплементација, тие ќе бидат јавно спротивставени“, објасни друг висок функционер.

    Сепак, претставниците кои разговарале со Политико истакнале дека ниту САД ниту Германија го исклучуваат потенцијалното идно членство на Украина во НАТО. Алијансата уште не одговорила на поканата на Зеленски.

    Амбасадорот на САД во НАТО, Џулиен Смит на 16 октомври рече дека Алијансата не планира да ја покани Украина да се приклучи во блиска иднина.

    Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави за време на неодамнешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО дека Украина може да стане 33-та или 34-та членка на Алијансата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img