More

    Планинарскиот клуб објави колкави се штетите во ентериерот

    spot_img

    Членови на планинарскиот клуб „Аргентус Монт“ по понеделничката објава дека се оштетени прозорците на планинарската кула на Титов Врв, вчера биле таму за целосен увид и утврдиле дека во голема мера била демолирана и внатрешноста.

    Во објавата тие велат дека бил запалена шпер плоча со што е направена штета од 5.000 денари, искорнати се десет прозорци во вредност од 15.000 денари, запален е агрегатот за струја од 3 киловати, со 10 литри бензин во него, во вредност од 20.000 денари и други елементи на ентериерот на кои им ја процениле вредноста.

    Планинарите со вчерашната акција привремено ги затворија сите испокршени десет прозорци со плексан и дрвени даски со цел во кулата да не навлегува снег во зимскиот период. Целосната санација ќе се реализира наредната година во организација на Федерацијата за планинарски спортови.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img