Планинарот по кој се трагаше од синоќа, откако беше пријавено дека паднал од карпа во реонот кај Титов Врв, е пронајден во провалија, без знаци на живот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Планинарот по кој се трагаше од синоќа, откако беше пријавено дека паднал од карпа во реонот кај Титов Врв, е пронајден во провалија, без знаци на живот – информира Центарот за управување со кризи. Во моментов за спроведува спасувачка акција за извлекување на телото, по што ЦУК ќе излезе со подателни информации. Во меѓувреме се очекува МВР официјално да ја потврди смртта, врз основа на лекарски наод.

Вчера се случуваше вистинска драма на Шар Планина, во реоните околу Титов Врв и Лешница, откако планинари паднале од карпа во бездна. Откако несреќата беше пријавена на телефонскиот број за итни случаи 112, цела ноќ траеше спасувачка акција во координација на Центарот за управување со кризи и полицијата. Синоќа околу 20 часот беше пронајден и првиот планинар кој извести за несреќата.

– Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините на Шар Планина во реонот кај Титив Врв. Едното лице, јавувачот на настанот, е пронајдено некаде по 20 часот и тоа од кај страната на Титов Врв. Околу три часот е пренесено кон Попова Шапка, а потоа и во болница. Заедно со него во болница е пренесен и началникот на СВР Тетово кој се здобил со телесни повреди при претражувањето на теренот. Со цел пронаоѓање и на другото лице, екипа од припадници на специјалната единица на МВР беше упатена кон местото на настанот од другата страна односно преку Лешница. По неколку часови екипата успе да го лоцираат и пронајдат и второто лице кое паднало од карпа – информира ЦУК.

Share This Article