Плаќал третмани против ќелавост кои чинеле како куќата на баба му

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По повеќе неуспешни третмани за раст на косата, англискиот пејач Роби Вилијамс откри дека планира да се помири со состојбата со која се соочуваат повеќето средовечни мажи.

Ќелавоста кај мажите обично се третира со финастерид и миноксидил, додека некои од опциите вклучуваат и трансплантација, стероиди и имунотерапија, која е хемикалија која се применува на ќелавите закрпи.

И самиот Роби (48), кој веќе со години се бори со опаѓање на косата, пробал различни третмани.

Тука е и трансплантацијата на коса на која се подложил во 2013 година. Седум години подоцна, тој сакал да го направи тоа повторно, но лекарите рекле дека неговата коса е премногу тенка за да го повтори процесот. Сега, се чини дека се помирил со тоа.

„Никој не сака да ми направи пресадување на косата затоа што велат дека ми е премногу ретка. Не можам да пијам никакви таблети бидејќи ме прават депресивни. Ќе морам само да го гушнам Роби Вилијамс кој ја губи косата“, рекол пејачот.

Претходно, Роби се пошегувал на сметка на својата глава дека „сјае како бебешки задник“, а пробал и неверојатно скапи инјекции наменети за поттикнување на растот на косата, што исто така било неуспешно.

„Две шишиња од тие инјекции беа вистинско богатство. Нивната цена беше иста како куќата на баба ми“, вели пејачот, кому му било кажано дека во рок од пет месеци од употребата, косата повторно ќе му порасне и тоа многу погуста.

Меѓутоа, времето поминало, а тој не забележал никакви резултати.

„Ништо не се случи. Поминаа седум месеци и ништо не се случи“, рече тој.

- Advertisement -
Ad image

Тој опиша и како изгледа да се појавиш пред публика со овој проблем.

„Кога сум на сцената и има огромен екран зад мене каде е насочено вниманието и каде се обидувам да бидам секси, гледам зад мене и тука е тип со двојна брада и без коса“, рекол пејачот за таквите ситуации.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -
Ad image
Share This Article