Севернокорејскиот министер за надворешни работи Чое Сон Хуи изјави дека Пјонгјанг ќе продолжи да ја зајакнува својата армија додека не ја елиминира заканата од САД и сојузниците на Вашингтон.
Изјавата на Чое Сон Хуи е одговор на изјавата на седумте најразвиени земји во светот – САД, Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Јапонија и Канада, со кои се осудува севернокорејското тестирање на нова интерконтинентална балистичка ракета.
Пјонгјанг најави повеќе „офанзивни“ акции поради заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја, тврдејќи дека маневрите се подготовка за „сеопфатна нуклеарна војна“.
„Погрешно е да се мисли дека само Вашингтон има право и способност да изврши нуклеарен напад“, рече Чое Сон Хуи, пренесува Ројтерс.