Писмото на физичарот Алберт Ајнштајн, во коешто го предупредува тогашниот американски претседател Френклин Рузвелт дека нацистите во Германија користат нуклеарни истражувања за да создадат атомска бомба, ќе биде понудено на продажба во аукциската куќа „Кристис“ во септември. Првичната цена е 4 милиони долари.
Во писмото што Ајнштајн го напишал заедно со неговиот колега Лео Силард, се вели дека германската Нацистичка влада активно ги поддржува нуклеарните истражувања и дека може да произведе „екстремно моќни бомби“, како оние што ги користеа САД во Јапонија на крајот на Втората светска војна, објави Гардијан.
Тој ја повикува американската влада да ги преземе истите чекори, а Рузвелт одговорил со формирање комитет од каде што произлезе „Проектот Менхетн“, предводен од Роберт Опенхајмер, којшто ги произведе бомбите фрлени на Хирошима и Нагасаки.