More

    Писателот Бегбеде повторно во невоља

    spot_img

    Познатиот француски писател Фредерик Бегбеде, автор на романите „Францускиот роман“, „Браната на Атлантикот“ и „Човекот што плаче од смеа“, синоќа е приведен под сомнение за силување, јавија франуските медиуми.

    Агенциите јавуваат дека сослушувањето на писателот во притвор почнало утрово, а станува збор за обвинувања од „неименувана жена со која бил во врска неколку месеци“ дека ја силувал.

    Летово, поранешната партнерка тврдеше дека најпрвин имала врска со Бегбеде, на што се согласила, а потоа истата вечер писателот „сексуално ја искористил против нејзината волја“, објави веб-страницата France info.

    Бегбеде беше уапсен пред 15 години за поседување и консумирање кокаин, а еден „интересен факт“ е запишан во неговата биографија, а за тој настан се вели дека инспирирал еден од неговите романи: „Во 2008 година Бегбеде беше уапсен за конзумирање кокаин од хаубата на автомобилот во 8-миот арондисман во Париз.“

    Своето прво затворско искуство Бегбеде го преточи во роман („Француски роман“), негов најличен досега. Во него тој се навраќа на детството и младоста со трогателната непосредност и разорен хумор, што е карактеристичен за неговиот стил. Во 2009 година ја доби престижната награда „Ренод“.

    За време на пандемијата 2020-2021 година Бегбеде напиша роман под наслов „Брана на Атлантикот“, своевидно продолжение на „Француски роман“.

    Во април 2017 година Бегбеде престојуваше во Македонија, каде го промовираше преводот на македонски, на неговиот тогаш актуелен роман „Уна и Селинџер“. 

    EPA/CHRISTOPHE MORIN

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img