Пике под истрага за проневера

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шпанското правосудство објави синоќа дека поранешниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике, е под истрага за неговата улога во преместувањето на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија, што наводно му донело, преку неговата компанија Космос, заработка од четири милиони евра годишно.

Судијата задолжен за случајот за корупција поврзан со нерегуларните договори склучени од Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) оцени дека годишната провизија на Космос е потенцијално фалсификувана.
Додека сè уште беше играч на Барселона, во 2019 година Пике посредуваше преку неговата компанија за договор за преместување на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија за сума од околу 40 милиони вери годишно.

Договорот е во центарот на истрагата што го тресе шпанскиот фудбал, каде што се обвинети поранешниот претседател на РФЕФ Луис Рубиалес и неговиот наследник Педро Роча.

Share This Article