Шакира и Пике ја објавија својата разделба во јуни минатата година, по 12 години врска во која добија два сина Милан (10) и Саша (7).
Откако го обелоденија раскинувањето, не прекинуваат да излегуваат детали околу нивното разделување, особено затоа што, фудбалерот ја изневерувал пејачката. Пике веќе извесно време е во врска со младата студентка Клара Чиа Марти (23).
Сега Пике одлучил да ја официјализира врската со Клара, барем пред јавноста, така што вчера објави заедничка фотографија на неговиот профил на Инстаграм.
Инаку, од раскинувањето на Шакира и Пике, кое на прв поглед беше мирно, следеа само немили настани. Шакира минатата недела објави „песна за одмазда“ во која јасно се осврнува на Пике во негативен контекст, а текстовите алудираа на тоа дека тој ја заменил за нешто помалку вредно. Шакира јавно објавува дека се чувствува изневерено. Пред објавувањето на песната, во објавата на Инстаграм напишана на шпански и англиски, пејачката напиша дека оние кои се изневерени „мора да продолжат“ да ја чуваат верата.
„Дури и ако нашите рани се сè уште отворени во оваа нова година, времето има раце на хирург“, напиша таа.
ФОТО: Инстаграм