Осомничениот пијан возач во Колорадо неуспешно се обидел да го обвини своето куче за пребрзо возење, соопшти полицијата во источниот дел на Колорадо.
Полицијата во Спрингфилд на Фејсбук напиша дека обидот за префрлање на одговорноста се случил доцна во саботата навечер, кога полицајците запреле возило кое патувало 84 километри на час во зона со брзина од 50 километри на час.
„Возачот се обидел да го смени местото со кучето кое било на совозачкото седиште, додека полицаецот се приближил и го набљудувал целиот процес“, изјавија во неделата полициски службеници.
„Мажот потоа излегол од совозачката страна на возилото и тврдел дека не возел.
Кога полицијата го прашала осомничениот дали конзумирал алкохол, тој побегнал оставајќи ги и возилото и кучето. Бил фатен на околу 20 метри.
Обвиненијата против возачот, кој има и други прекршочни пријави, опфаќаат сомнение за возење под дејство на алкохол и давање отпор при апсење.
Кучето е дадено на чување на познаник на возачот додека мажот е во притвор“, соопштија од полицијата.
„Кучето нема да добие пријава и е пуштено само со предупредување“, се пошегува на крајот полицијата.