Петти ден од кампањата за претседателските избори, претседателските кандидати преку митинзи, дебати, како и средби со граѓани, ги презентираат нивните програми.
Кандидатот поддржан од СДСМ и Коалицијата и актуелен претседател, Стево Пендаровски, кој ќе ја бара поддршката од граѓаните за втор мандат, ќе одржи митинг во скопските општини Кисела Вода и во Аеродром.
Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, денеска ќе ја презентира нејзината програмата во Новаци, Демир Хисар и Битола.
Кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт, Бујар Османи, во Општина Шуто Оризари ќе одржи панел дискусија на тема: Еднаквост, консензуалност и социјална кохезија.
Во Централната канцеларија на албанската Коалиција „Вреди“, кандидатот за претседател Арбен Таравари ќе одржи прес-конференција на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.
Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, ќе ја презентира програмата под наслов „Манифест за Македонија“, во Охрид, Дебрца, Велмеј и Лешани.
Билјана Ванковска, кандидат за претседател од Левица ја продолжува претседателската кампања со средби со граѓани во Богданци и во Гевгелија.