More

    Петмина Украинци загинаа, два транспортери се уништени

    spot_img

    Руската армија и граничари спречија диверзантска група од територијата на Украина да ја премине државната граница, пишува РИА Новости.

    Во таа прилика загинаа петмина диверзанти кои се обидоа да влезат на територијата на Русија, а беа уништени две оклопни возила.

    – Единиците на Јужниот воен округ заедно со граничниот одред на ФСБ на Русија спречија диверзантско-извидувачка група да ја наруши државната граница на Русија од територијата на Украина – соопштија претставниците на Јужниот воен округ.

    Како што додаваат во одделот, за време на судирот две воени возила на Вооружените сили на Украина влегле на територијата на Русија со цел да ги евакуираат диверзантите при што и двата транспортери биле погодени.

    Петмина војници на вооружените сили на Украина загинаа, додека меѓу Русите нема жртви.

    Потсетуваме дека портпаролот на Народната милиција на Доњецката Народна Република, Едуард Басурин денеска соопшти дека два одреди украински диверзанти упаднале на територијата на ДНР.

    Тој додаде дека едната група разнела складиште со ракетна и артилериска муниција.

    – Утрово започна масовното гранатирање на селото Коминтерново. Во тој момент две диверзантски групи навлегоа длабоко на територијата на нашата република. Задачата на едната група беше да ги крене во воздух магацините на ракетна и артилериска муниција, што и беше направено. Втората група напредуваше во правец на Новоазовски. Во моментов службеници од Министерството за државна безбедност и МВР, заедно со армијата, вршат потрага за пронаоѓање и уништување на овие две групи – рече Басурин.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img