More

    Петмина обвинети за смртта на актерот Метју Пери – Кој му ја дал фаталната доза кетамин?

    spot_img

    Ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери, почина на 28 октомври 2023 година на 54-годишна возраст откако се удави во када во својот дом во Лос Анџелес. Би-Би-Си пишува дека петмина се осомничени дека се вмешани во неговата смрт.

    Најмалку еден лекар и неколку дилери на дрога, наводно, биле уапсени откако полицијата започнала истрага за смртта на Пери.

    Актерот долги години се бореше со зависноста од дрога, а во октомври беше пронајден мртов во неговата топла када со голема доза кетамин во неговиот систем, како што беше утврдено со обдукција.

    Според ТМЗ, полицијата соопштила дека „извршен е претрес и запленети се компјутери, телефони и друга електронска опрема“ со цел да се открие кој го снабдувал Пери со кетамин, чија предозирање е пронајдена во неговото тело, што е и причина на смртта познат актер.
    Според извештаите на медиумите, лекарот и дилерите кои биле уапсени наводно помогнале во организирањето и испораката на кетаминот до Пери.

    Налогот за претрес, наводно, открил СМС пораки во кои се разговарало за Пери и како кетаминот ќе му биде доставен. Пораките, исто така, наводно вклучуваат дискусии за тоа колку Пери бил подготвен да плати за дрога.

    Во соработка со полицијата на ДЕА во Лос Анџелес, Брук Милер, поранешната сопруга на Чарли Шин која одговараше на прашања за нејзината врска со Пери. Брук и Метју станаа пријатели за време на нивното заедничко лекување од дрога и алкохол. Според порталот In Touch, Милер била активен дел од истрагата за да се утврди дали таа била вклучена во снабдувањето со кетамин на актерот.

    Полицијата соопшти дека таа е подготвена за соработка, но и дека за секој случај ангажирала адвокат. Но, сега од полицијата соопштија дека Милерова „не е поврзана со случајот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img