Петличковски: Голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во ниеден контекст не можам да кажам дека зголемената смртност од ковид-19 е резултат на непочитување на протоколите. Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје, истакна денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Според Петличковски, сите здравствени работници најдобро што умеат се обидуваат да се справат со ковид-19.

-Во ниеден контекст не можам да кажам дека зголемената смртност е резултат на непочитување на протоколи. Јас сум убеден дека сите здравствени работници според нивните сознанија најдобро се обидуваат да се справат со ковид-19. Бројките ни се високи, да, но редовно ги споредувам со Словенија, со слична структура на населението и таму и во оваа фаза на пандемијата бројките се редовно над 20 – додаде Петличковски.

Тој напомена дека постојат и земји во кои има пониски бројки на починати, но тоа се земји со поразлична здравствена култура од нашата.

-Да, има земји со пониски бројки, но тие земји имаат многу различна здравтсвена култура од нас. Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје – рече Петличковски.

Инаку, од утре започнува скринингот во основните училишта каде е зголемен бројот на новозаболени од ковид-19.

– Тоа беше аларм да иницираме ваков скрининг кој ќе покаже каква е трансмисијата на вирусот меѓу учениците – истакна портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ и додаде дека тоа е заклучок кој денеска на состанок го донела Комисијата.

Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски рече дека скринингот ќе се спроведе во училиштата. Тој посочи и дека од денеска препораките за лекување од ковид-19 се достапни на веб страница на Министерството за здравство.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply