Петков сака на маса да се вратат позитивни работи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија е важно перспективата да не се става само на тоа каков инцидент се случи и во исто време, додека се справуваме со јазикот на омразата, мора да се отворат и други теми како инфраструктурата и економијата, со цел односите да можат да имаат и позитивен карактер, изјави поранешниот бугарски премиер и копретседател на партијата Продолжуваме со промената, Кирил Петков.

– Во моментов е оставено на некои многу гласни луѓе да го дефинираат дијалогот меѓу двете земји. Време е да се вратиме на попозитивните работи, рече – Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР).

Според него, на земјава треба да и се каже дека условите ги поставува ЕУ и дека доколку сака да има европска иднина нема друг избор освен да почне да работи на позитивни теми со Бугарија и да го отстрани јазикот на омразата.
– Таквиот тип на дијалог е можен затоа што за време на нашата Влада, успеавме Европа да застане на наша страна – додаде Петков.

Осврнувајќи се на претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија, предвидени за 2 април, Петков изрази надеж дека неговата ПП ќе настапи со заедничка листа со блокот Демократска Бугарија, создавајќи јадро кое ќе промовира универзално прифатени политики и цели, што мора да се случат.

– Ние сме единствената динамика во политичкиот простор. Со ДБ создаваме јадро за кое се надеваме дека нема да биде само снежна грутка, туку лавина – додаде Петков.

Share This Article