Петгодишно девојче почина од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Петгодишно девојче почина од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, а засега нема информации дали и каде било лекувано петгодишното девојче пред да биде донесено на скопската клиника,  пренесува телевизија Сител.

Оттаму информираат дека девојчето од Скопје кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на одделот за неврологија, но минатата недела состојба ѝ се влошила и ја префрлиле на одделот за интензивна нега каде ѝ била направена и интубација, но, како што велат од Клиниката, и покрај сите напори на медицинскиот кадар не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит, а пред два починало.

Од ДСЗИ информираат дека и за овој случај ќе извршат вонреден инспекциски надзор, по што ќе ја информираат јавноста за фактичката состојба околу третманот на починато дете.За еден месец ова е трет смртен случај на дете на Клиниката за детски болести.

За 14-месечното девојче од Грчец се уште се води постапка за утврдување на евентуална лекарска одговорност, а за новороденчето од Струмица ДСЗИ согласно нивните надлежности не констатираше пропусти во лекувањето.

Share This Article