Пет војници загинаа во напад на екстремистичката група Ал Шабаб врз воен објект северно од Могадишу, главниот град на Сомалија, соопштија официјални лица. Сомалиските сили дале отпор и убиле 21 борец на Ал Шабаб.
Групата ја презеде одговорноста за нападот на воениот објект Хавадлеј.
Шефот на сомалиските одбранбени сили, генералот Одава Јусуф Реј, изјави дека „храбрите сомалиски војници кои биле на готовност им се спротивставиле на напаѓачите“.
Во нападот е убиен и висок воен функционер, полковник Абшир Шатаки.
Од армијата велат дека се ранети 12 лица.
Нападот, како што наведоа, почнал кога бомбаш самоубиец се разнел во автомобил на влезот од кампот, а потоа во кампот пред пукањето експлодирале уште две бомби.
Сомалиската влада моментално ја води, како што велат, најзначајната офанзива против Ал Шабаб во повеќе од 10 години.