Топлината и сонцето го заморуваат телото. Кожата е особено погодена и општо е познато дека, на пример, морковите се храна која треба редовно да ја јадеме во текот на летните месеци, но има и некои други суперхрани кои ќе му помогнат на нашиот организам полесно да функционира во текот на летните месеци.
Во продолжение ви пренесуваме десет летни суперхрани.
Домат – сојузник на убавината
Доматите се храна богата со витамини А, Ц, Е, биофлавоноиди и биолошки активни материи како ликопен и доматин Во лето можеме да ги набавиме по поевтини цени, а некои се осмелуваат да одгледуваат и органски домати на својот балкон.
Поради позитивното влијание на кожата, доматот го нарекуваат и „сојузник“ на убавината. Со конзумирање на домати, можете да ги намалите воспалителните процеси на кожата, предизвикани од дејството на штетните УВ зраци, а со тоа да ги неутрализирате опасните молекули, кои се формираат при предолго изложување на сонце. Правете често салати и консумирајте домати на различни начини. Кога го купувате, внимателно избирајте парчиња што не изгледаат премногу совршено. Домашните домати се секако најдобриот избор, но тешко се наоѓаат на пазарот.
Домат Доматот е многу здрав
Марула, малку калории и многу течности
Околу 400 година п.н.е., познатиот Хипократ бил голем поборник за јадење зелена салата. Марулата содржи многу витамини А и К, како и железо, фолна киселина и витамин Ц. Има многу малку калории, а витаминот А ни помага да ги заштитиме кожата и очите, кои се особено ранливи во лето. Корисно е да се знае дека 96% од зелената салата е вода, што ја прави совршена храна за хидратација на вашето тело во текот на летните месеци. Затоа, јадете салата секогаш кога можете. Важно е да се напомене дека не е доволно едноставно да ја исплакнете зелената салата под млаз вода, туку се препорачува потемелно миење. Марулата најдобро се подготвува непосредно пред оброк за да се зачува свежината, цврстината и хранливите и заштитните материи.
Зелена салата Зелена салата
Лубеница – Идеалното летно овошје
Речиси целата содржина на лубеницата е вода: околу 92 проценти. Токму затоа лубеницата е најидеалното летно овошје. Секој сочен и освежителен залак има значително ниво на витамини А, Б6 и витамин Ц. Најважните супстанции содржани во лубеницата се антиоксиданти (како ликопен), антиоксиданси и амино киселини. Лубеницата содржи и одредена количина на калиум.
Лубеница, здравје Лубеницата е идеално овошје за лето
Тиквички
Тиквичките се незаменлив дел од летната трпеза, особено затоа што може да се комбинираат со различни намирници, а се и супер вкусни. Покрај тоа, тие содржат пектин, кој ја подобрува работата на срцето и го намалува холестеролот.
Киви
Витаминот Ц се покажал и како одличен „заштитник“ на кожата и нејзините клетки од штетното влијание на сонцето, бидејќи ја одржува нејзината еластичност и ја спречува појавата на брчки.
Секојдневното консумирање намирници како што се: киви, лимони, пиперки, портокали, јагоди и сл., ни овозможува да имаме доволен внес на витамин Ц.
Покрај горенаведените намирници, во лето консумирајте боровинки, краставици и друго сезонско овошје и зеленчук.