Пет ранети деца во Русија по украински напад со дронови

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во напад на украинско беспилотно летало на пограничниот град во руската област Белгород, повредени се пет деца, од кои две потешко, соопшти регионалниот гувернер. Вјачеслав Гладков рече и дека тројца цивили се повредени во друг украински напад на Шебекино.

– Во градот Шебекино, експлозивна направа беше намерно фрлена од дрон во дворот на повеќекатната зграда – напиша Вјачеслав Гладков на Телеграм, пренесуваат руските медиуми.

Пет деца кои биле на игралиштето се здобиле со различни повреди, а две во тешка состојба се пренесени во регионалната детска болница.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која исто така пишува на Телеграм, го опиша инцидентот како „намерен терористички напад врз деца“ и повика на меѓународна осуда.

Инцидентот се случи три дена по рускиот напад на Киев во кој загинаа 47 лица, а детската болница таму претрпе големи разурнувања.

Share This Article