Пет причини зошто треба да го вклучите ова занемарено овошје во вашата секојдневна исхрана

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Овошјето и зеленчукот треба да бидат основен дел од здравата и урамнотежена исхрана бидејќи се полни со витамини и антиоксиданси кои се важни за правилното функционирање на организмот.

Кивито е малку занемарено овошје, но има неколку причини зошто треба да го започнете денот со оваа конкретна храна.

Двете најважни состојки на кивито се антиоксидансите и витаминот Ц. Количината на витамин Ц на 100 грама киви е 98 милиграми, што е двојно повеќе од портокалите и лимоните. Му помага на телото да ги неутрализира слободните радикали, а со тоа го штити организмот од многу болести. Се препорачува да се јаде киви наутро со појадок.

1. Зајакнување на имунитетот

Голема количина на фолна киселина, покрај витаминот Ц, го зајакнува одбранбениот систем на организмот. Го зголемуваат производството на бели и црвени крвни зрнца, како и антитела, кои не штитат од вирусни заболувања.

2. Подобра циркулација

Киви содржи витамин Е и омега 3 и 6 масни киселини, го подобрува здравјето на артериите. На овој начин се спречува појава на тромб и згрутчување на крвта. Идеален е за заштита од тромбоза, срцев удар и оштетување на мозокот.

3. Слабеење

Содржи многу вода и нема висока енергетска вредност, па затоа е идеален за слабеење и исфрлање на течности од телото. Ограничете се на два до три киви дневно, бидејќи поголем внес може да предизвика алергија.

- Advertisement -
Ad image

4. Го ублажува стресот

Киви е идеално овошје за ослободување од стрес. Поради големото количество на витамин Ц, ја ублажува нервозата и анксиозноста.

5. Ги зајакнува коските

- Advertisement -
Ad image

Минералите магнезиум и калиум се наоѓаат во кивито и се одлични за зајакнување на коските, забите и ноктите.

Кој не треба да консумира киви?

Луѓето кои се склони кон бубрежни заболувања, имаат песок или камења, не треба да јадат киви бидејќи тоа може да предизвика воспаление.

Share This Article