More

    Пет намирници кои најчесто предизвикуваат труење со храна

    spot_img

    Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), постојат неколку специфични намирници кои најчесто се одговорни за труење со храна.

    1. Сурово месо
    Суровини месни производи може да ја содржат бактеријата Yersinia, која предизвикува приближно 117.000 инфекции и 35 смртни случаи во САД годишно; E. coli, што може да доведе до опасен по живот хемолитички уремичен синдром кај најмногу 10 проценти од инфекциите; и салмонела, која е поврзана со 1,35 милиони инфекции и 420 смртни случаи во САД годишно.

    ЦДЦ, исто така, известува дека повеќето сурови производи од живина се контаминирани со Campylobacter, тип на бактерија поврзана со приближно 1,5 милиони болести во САД секоја година. Тие, исто така, можат да бидат контаминирани со типот на бактерија Clostridium perfringens која предизвикува болест кај приближно еден милион жители на САД секоја година, како и со салмонела.

    „Ако јадете пилешко и забележите дека внатрешноста е сè уште розова, би го фрлил. Ако пилешкото не е добро сварено, може да бидете изложени на салмонела и некои видови бактерии“, вели нутриционистот Џеси Федер.

    2. Овошје и зеленчук
    Иако овошјето и зеленчукот се од суштинско значење за здравата исхрана, тие исто така можат да бидат контаминирани со салмонела, E. coli и листерија. За да се заштитите, задолжително прво добро измијте ги, советува ЦДЦ. Само кога добро ќе ги измиете, тогаш можете да продолжите со лупење.

    3. Сурови млечни производи
    Иако некои тврдат дека суровите млечни производи можат да бидат корисни за здравјето, експертите не се согласуваат. Американската агенција за храна и лекови (ФДА) наведува дека ваквите тези не се научно потврдени.

    ЦДЦ посочува дека суровото млеко и сурово млечни производи често се контаминирани со Campylobacter, Cryptosporidium, E. coli, Listeria и Salmonella, од кои сите може да предизвикаат сериозни болести.

    4. Јајца
    Јајцата можат да бидат контаминирани со салмонела, што може да биде доста ризично за здравјето, а во тешки случаи може да доведе дури и до смрт, според ЦДЦ. За да се заштитите, јајцата мора да се чуваат правилно, во фрижидер на соодветна температура.

    5. Морска храна
    Суровата морска храна и школките најчесто се поврзуваат со салмонела и Vibrio vulnificus, кои најчесто се појавуваат кај остригите и се поврзани со 80.000 инфекции и 100 смртни случаи во САД секоја година, пишува Best life.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img