Пет лица повредени во сообраќајна несреќа на крстоссницата од ул.Симеон Кавракиров и ул.Венијамин Мачуковски во населбата Аеродром во Скопје.
„Денеска (26.11.2023) во 03.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од ул.Симеон Кавракиров и ул.Венијамин Мачуковски патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(19) од Скопје, излетало од коловозот“, соопшти МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. и сопатничката С.П.(18), а со телесни повреди се здобиле уште три сопатнички Ј.М.(18), Е.Б.(18) и АМ.К.(18) сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се вели во полициското соопштение.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.