More

    Пет филма ќе ја доловат јапонската култура

    spot_img

    Од 25 до 29 ноември во Кинотеката на Македонија ќе се одржи циклус прикажувања на јапонски филмови.

    Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија. Овој циклус нуди не само визуелно задоволство, туку и увид во културните, историските и социјалните промени што го обликуваат јапонското општество.

    Програмата се состои од разновидни филмови кои опфаќаат жанровска разноликост – од драмски филмови до анимирани дела и експериментални форми, претставувајќи ги новите имиња и таленти на јапонската кинематографија. Нивната креативност, посветеност на детали и инспирацијата од јапонската култура, социјалните прашања и модерниот живот го прават овој циклус особено актуелен и релевантен за денешната публика.

    Селектор на програмата е Бојан Станишиќ, уредник на филмската програма при Кинотека.

    На 25 ноември од 20 часот ќе се прикажува „Враќањето на Даимаџин“ (1966) во режија на Кенџи Мисуми и по сценарио на Тецуро Јошида.

    „Враќањето на Даимаџин“ е вториот дел од филмската трилогија за Даимаџин, џиновскиот бог воин. Оваа трилогија е од токусацу (tokusatsu) жанрот. Тоа се филмови со фантастична и натприродна тема во кои се користат многу специјални ефекти. Трите филма се снимени истовремено од тројца различни режисери и имаат сличен заплет: обичните селани го повикуваат Даимаџин да ги спаси од насилниците.

    Со текот на времето овие филмови и ликот на Даимиџин добиваат култен статус, така што во 2010 година е направена и телевизиска адаптација на серијалот.

    Овој дел е режиран од Тецуро Јошида, еден од најактивните и најгледани јапонски режисери од тоа време, кој е познат како зачетник на Затоичи, еден од најпознатите филмски ликови на јапонската кинематагорафија, овековечен во истоимениот филм на Такеши Китано.

    На 26 ноември од 20 часот ќе се прикажува „Train brain express“ (2012) во режија на Јошимицу Морита и по сценарио на Јошимицу Савамото.

    Комачи, вработен во компанија за недвижнини и Кодама, наследникот на челичарницата, се страсни љубители на возови. Ова нивно хоби се покажува корисно за работата и напредокот во нивните кариери, но со романтичниот дел од нивните животи работите не одат толку мазно. Дали незгодниот Кодама и неодлучниот Комачи ќе ги најдат љубовите на својот живот?

    „Train brain express“ е последниот филм на ветеранот Јошимицу Морита. Ова е негов тестаментален и личен филм. Приказната се базира врз идеја на која Морита работел повеќе од 10 години, а која е поврзана со неговиот интерес за возовите и раскажана преку неговиот уникатен комичен стил.

    На 27 ноември од 20 часот ќе се прикажува „Уште не сосема мртов“ (2020) во режија на Шинџи Хамасаки и по сценарио на Јошимицу Савамото.

    „Уште не сосема мртов“ е комедија во режија на Шинџи Хамасаки. Приказната се врти околу една бунтовна и гневна студентка, Нанасе Нобата, која живее со својот татко, Хакару, претседател на фармацевтската компанија „Нобата“. Таа е огорчена поради неговото постојано негодување за нејзиниот живот и неговаПет филма ќе ја доловат јапонската културата опседнатост со работата, поради што не успева да биде на смртната постела на нејзината мајка.

    Тимот од научници на Хакару случајно открива лек, кој предизвикува привремена смрт од два дена. Хакару го земa лекот во обид да разоткрие корпоративен шпион поставен во неговата компанија. Нанасе избезумено се обидува да го спаси татка си од заговорот на ривалската компанија порано да го кремираат неговото тело пред да помине дејството на дрогата.

    На 28 ноември од 20 часот ќе се прикажува „Браќата Мамија“ (2006), во режија на Јошимицу Морита и по сценарио на Јошимицу Морита.

    Браќата Мамија живеат заедно повеќе од 30 години. Постариот брат Акинобу (35) работи во пиварница. Помладиот брат Тецунобу (32) работи како чувар во основно училиште. Без разлика дали се работи за гледање на нивниот омилен бејзбол тим пред телевизорот или за решавање на крстозбори, тие уживаат да се заедно. Но, кога станува збор за љубовта, и двајцата се тотално „неискусни“. Тие решаваат да преземат нешто во врска со тоа и канат две девојки во својот стан на забава со карти: Јорико, наставничка во основното училиште и Наоми, вработена во видеотеката која браќата секојдневно ја посетуваат.

    Но, за браќата Мамија светот исполнет со сериозност и страв е друг свет. Тие сакаат да имаат девојки, само без да го жртвуваат времето поминато со својот брат. Секој ден е толку прекрасен. Зошто би се впуштиле во некаква комплицирана врска?

    Браќата Мамија е комедија базирана врз истоимениот роман на познатиот јапонски писател Каори Екуни.

    На 29 ноември од 20 часот ќе се прикажува „Сто лаги“ (2018) во режија на Масахари Таке и по сценарио на Шин Адачи и Масако Имаи.

    Филмот раскажува за еден изветреан трговец со антиквитети, Норио, кој наоѓа вредна шолја за чај од најпознатиот јапонски мајстор за чај Сен но Рикју од 16 век, кога пребарува во складиште на богато семејство. Норио го измамува сопственикот на куќата Сасуке и успева да ја добие шолјата речиси за ништо. Но излегува дека Сасуке е измамник и шолјата за чај ја направил самиот. Потоа Норио дознава дека Сасуке порано бил надежен грнчар, но бил спречен од автентикаторот на антиквитети. И Норио има болни искуства со истиот автентикатор, па двајцата решаваат да направат измама со која ќе му се одмаздат на автентикаторот. Но оваа измама, која ги вклучува и нивните сопруги и деца, ќе тргне по сосема неочекуван пат.

    „Сто лаги“ e комедија во режија на Масахару Таке, современ јапонски режисер, ценет од критиката, кој во исто време е еден од најгледаните современи јапонски режисери. Неговиот филм „Љубов од 100 јени“ (2014) беше јапонски кандидат за Оскар за најдобар интернационален филм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img