Пет дена протестот ги закова за шините

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Веќе пет дена почнувајќи од петокот на пладне возовите во земјава не сообраќаат на сите релации. Причина за тоа е штрајкот на Синдикатот на машинскиот и извршниот персонал на „Железници на РСМ“, којшто протестира со стопирање на возовите. 

Синдикатот бара зголемување на бодот за 30 проценти, исплата на вториот дел од платата за февруари, исплата на ноќна работа за кондуктерите, како и вработување на 40 машиновозачи и подобрување на условите за работа. Овие барања тие ги испратиле до Министерството за транспорт и врски, министерството за финансии и до Владата.

Велешани, посебно оние кои секојдневно патуваат со воз на работа или школување во Скопје, реагираат бидејќи трошоците за патување им се зголемуваат. Мора да користат автобус, за што билетот е 200 денари во еден правец, додека повратна карта за воз е 180 денари. 

Share This Article