Легендарната пејачка Неда Украден одржа концерт за паметење во салата МТС во Белград. Концертот на 74-годишната Неда Украден очекувано изобилуваше со емоции, од еуфорија до солзи и на пејачката и на нејзината публика.
Поп дивата ја поддржаа бројни колеги кои беа во публиката.
Најголема поддршка очекувано и биле членовите на семејството, ќерката Јелена, зетот Пеѓа, како и внуците Александра, Неда и Душан, пренесуваат српските медиуми.
Публиката со огромен аплауз го проследи моментот кога внукот на Неда излезе на сцената со огромен букет цвеќе. Овој негов потег предизвика громогласен аплауз и солзи кај пејачката.
Но посебен белег на големиот концерт на Неда Украден во Белград остави емотивниот момент кога пејачката после долги години ја изведе песната „Ех, да сам тебе слушала“ посветена на нејзиниот татко.
Оваа песна Неда Украден последен пат ја отпеа на фестивалот во Будва, три месеци по смртта на нејзиниот татко.