More

    Песков вели дека немало предупредување за нуклеарното оружје

    spot_img

    Кремљ денеска го отфрли како „фикција“ извештајот на Фајненшл тајмс за тоа дека кинескиот претседател Си Џинпинг лично го предупредил рускиот претседател Владимир Путин да не користи нуклеарно оружје во Украина.

    Запрашан дали може да го потврди извештајот на ФТ, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека не може да го потврди тоа.

    Песков нагласи дека двете земји потоа објавиле доста детални изјави за содржината на тие разговори.

    – Суштината на разговорот беше јасно наведена во документите усвоени по изјавата, така што има многу информации. Сè друго е фикција – тврди Песков.

    Советник на украинскиот претседател претходно денеска оцени дека позицијата на Кина за потенцијалната руска нуклеарна закана е „важна“.

    Шефот на канцеларијата на Володимир Зеленски, Андриј Јермак, на Телеграм објави скриншот од написот на ФТ со коментар:

    „Ова е важен став (на Кина) во однос на нуклеарната закана на лудиот руски терорист“.

    ФТ, повикувајќи се на неименувани западни и кинески претставници, објави дека Си го предупредил Путин, на средба лице в лице во март, да не користи нуклеарно оружје во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img