Песков смета дека цело НАТО е под американска управа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Москва смета дека нуклеарниот арсенал на Франција и на Велика Британија е практично под контрола на САД, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Од наша перспектива, се разбира, нуклеарните арсенали и на Франција и на Британија во пракса се под контрола на САД. Затоа, ако разговараме со Америка, да разговараме без да се земат предвид овие два арсенали е апсолутно бесмислено – рече тој.

Песков појасни дека овие земји „во пракса се дел од единствениот интегрален систем на НАТО“.

– Самиот пакт е под управа на Соединетите Држави, во пракса тој е единствен ентитет – додаде тој.

Песков, денеска на прес-конференција повтори дека Русија е против приемот на Украина во НАТО, бидејќи „…во спротивно, ќе има сериозна, голема закана за безбедноста на нашата земја“.

Од друга страна, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека време е НАТО да донесе политичка одлука и да ја повика Украина да се приклучи на воената алијанса. На заедничката прес-конференција во Киев со шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, Зеленски рече дека самитот на НАТО во јули во Вилнус може да стане „историски“ и додаде дека добил покана да присуствува.

– Благодарен сум за поканата да го посетам самитот, но исто така е важно Украина да добие соодветна покана. Не постои ниту една објективна пречка за политичката одлука да се покани Украина во Алијансата и сега кога мнозинството луѓе во земјите на НАТО и мнозинството Украинци поддржуваат влез во НАТО, време е за такви соодветни одлуки – изјави Зеленски.

На пресконференцијата Столтенберг рече дека иднината на Украина е во НАТО и дедка главната цел на Северноатлантскиот договор и нејзините сојузници е да обезбедат Украина да победи.

Украина уште во септември ја објави својата кандидатура за членство во НАТО, откако Кремљ ги анектираше четирите украински региони, што се окупирани од руската војска.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article