Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави во Москва дека Русија не гледа предуслови за мировни преговори со Украина.
Песков за новинарите изјави дека во моментов не постои таква можност, пренесува ТАСС.
„Кога е во прашање дијалогот, неколку пати кажавме дека сега нема таква опција. Тоа не е видливо, ниту предусловите“, рече портпаролот на Кремљ.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател, минатата недела изјави дека разговорите со Украина се „невозможни“ додека претседателот Володимир Зеленски е на власт во Киев.